Cisco има повеќе нивоа на сертификации и специјализации. Секое ниво има посебни побарувања, одговорности и надградувања, со цел да се изврши диференцирање на професионалноста на партнерите во однос на продажбата, инсталирањето и техничката подршка за Cisco производите. Како мотивација за напредок низ нивоата на сертификација, во зависност од достигнатото ниво, Cisco нуди и различни програми за соработка со своите партнери.
