Друштвото ЕКОНЕТ, д.о.о., е формирано средината на 1999 година со седиште во Скопје како прв и единствен авторизиран дистрибутер на производите на светски познатиот бренд CISCO за Македонија, Албанија и Косово. CISCO е лидер во производство на опрема за мрежно поврзување на компјутери, безбедносни уреди како и ИП телефонија и како таков е достапен и за компаниите на нашиве простори.
Користејќи го дистрибутерското искуство од областа на софистицирана ИТ опрема, друштвото реши да својата палета на дистрибуирани производи ја збогати и со уште еден светски бренд, а тоа е Microsoft. Истиот е светски лидер во производство на оперативни системи, серверски платформи, безбедносни софтверски решенија како и развојни апликативни алатки. Продажбата на овие производи започнува од декември 2006 кога и официјално ЕКОНЕТ станува авторизиран дистрибутер.
Во септември 2008, Еконет станува и овластен дистрибутер на LinkSys by Cisco гранка на Cisco компанијата со производи наменети за мали и средни бизниси.
Соработката со сродните ИТ компании од републикава е на завидно ниво. Тоа е поткрепено со фактот на заедничка соработка на одредени проекти како и скоро секојдневно консултирање од областа на компјутерско-мрежната проблематика.
Со цел одржување на стручното ниво на своите вработени, како и зацврстување на брендот и професионалноста на друштвото, ЕКОНЕТ вложува во едуцирање на своите вработени. Тие располагаат со основните стручни сертификати од споменатите производители (CISCO, Microsoft). Исто така тие се редовни посетители на конференциите од областа на компјутерските мрежи како на тлото на поранешна Југославија така и пошироко во Европа.
Не е мал и фондот на наслови со кои располага сопствената библиотека на друштвото. Имајќи предвид со колкава брзина се развива ИТ индустријата нашата библиотека располага со најновите изданија на Cisco Press, Syngress и Sybex (водечки компании за книгоиздателство од оваа свера).
Пратењето на светските трендови во ИТ областа, навремена испорака на производите, како и консултирање и помагање на компаните при дизајнирање и имплементација на техничките решенија ќе бидат наши примарни активности и во иднина. |