Серијата CISCO 880 3G Серија достапни и кај нас!!!
Со задоволство Ви најавуваме дека се достапни за нарачка најновите производи на серијата Cisco 880 3G и SRST рутери. Серијата рутери 880 се карактеризираат со фиксна конфигурација и нудат Интернет пристап, безбедност, гласовни и безжични сервиси со широкопојасни брзини и сето тоа во еден сигурен уред кој е едноставен и лесен за менаџирање и наменет за мали и средни бизниси. http://www.cisco.com/go/800
CISCO 880 3G Series Integrated Services Routers
Серијата 880G рутери со 3G wireless WAN опција нудат сигурно решение кое брзо се имплементира. Оваа серија на рутери нудат дополнителни WAN опции како xDSL и Fast Ethernet (FE) WAN интерфејс, 4-портен 10/100 FE менаџибилен свич со поддршка на виртуелни ланови (VLANs) и најновата 802.11n wireless LAN технологија. Серијата рутери 880G исто така ги поддржуваат најновите 3G стандарди (HSPA и EVDO Rev A) и се компатибилни со UMTS/EDGE/GPRS и EVDO Rev0/1xRTT. 880G рутерите доаѓаат во 2 варијанти:
- GSM/UMTS модели базирани на 3GPP и поддржуваат HSPA, UMTS, EDGE и GPRS
- CDMA модели базирани на 3GPP2 и поддржуваат EVDO RevA/Rev0 и 1xRTT

CISCO 880 SRST Router Series
Серијата рутери Cisco 880 SRST е идеална за мали и оддалечени локации кои имаат потреба од поврзување со централна локација. Овие рутери овозможуваат проширување на корпоративната мрежа со безбедна врска до оддалечените локации и истовремено овозможувајќи на корисниците пристап до заедничките апликации на целата компанија. Серијата рутери 880 SRST нуди WAN опции како xDSL и Fast Ethernet (FE) WAN интерфејс, 4-портен 10/100 FE менаџибилен свич со опција за PoE на 2 порти, и најновата 802.11n Wireless LAN технологија. Дополнително овозможуваат 4 FXS порти, FXO или BRI за PSTN конекција, и 4 SRST кориснички лиценци.
|