Програми за лиценцирање  >  ОЕМ

ОЕМ

OEM e eден од најисплатливите начини за набавка на оригинален софтвер.

Тој претставува набавка на софтверот со купување на нов компјутер каде софтверот т.е. оперативниот систем доаѓа преинсталиран (ОЕМ) . Затоа истиот се наоѓа во не многу атрактивна опаковка. Овој софтвер е наменет исклучиво за лиценцирање на нов компјутер или сервер. Еден од најдостапните по цена начини за лиценцирање, но затоа пак истиот си има и свое ограничување - OEM софтверот неможе да се префрли од еден компјутер на друг, дури и ако првиот компјутер веќе не се користи. Software Assurance  може да се додаде во рок од 90 дена од набавка на софтверот. OEM софтверот се инсталира со product ID key преку Web или телефонска активација (OEM софтверот обично се преактивира од страна на System Builder-от).

 

Напомена за користење на претходна верзија од набавениот софтвер (downgrade):

Правата за downgrade се однесуваат на можноста крајниот корисник да ја користи претходната верзија од набавениот софтвер се додека не е подговен да ја користи новата (набавената) верзија. Правата за downgrade се документирани во EULA (End-user license agreement). Документ кој доаѓа со софтверот.

Забелешка: Downgrade правата се однесуваат на Desktop OS и Server. Microsoft Office нема права за downgrade, a исто така и
Windows Small Business Server 2003 Standard Edition исто така нема права за downgrade.

 
Програми за лиценцирање
ОЕМ
FPP
Количинско лиценцирање