Најнова ADSL2+ Annex M High-Speed WAN интерфејс картичка!
Ви ја најавуваме најновата ADSL2+ Annex M High-Speed WAN интерфејс картичка HWIC-1ADSL-M која веќе е достапна за порачување.
Новата HWIC-1ADSL-M овозможува поддршка за ADSL2+ Annex M стандардот. Annex M е комплетно согласен со стандардите G.992.3 (ADSL2) и G.992.5 (ADSL2+) ITU и овозможува значително зголемување на upstream податочната рата до приближно 2.7Mb/s. Оваа особина овозможува поддршка на апликации од рангот на апликации сервирани со помош на T1, E1, G.SHDSL без да се прави реконфигурација и реорганизација на транспортната мрежна инфраструктура.

Оваа картичка HWIC-1ADSL-M може да се вгради во рутерите од сериите Cisco 1841, 1861, 2800 и 3800.
За повеќе детали погледнете ја деталната спецификација на следниот линк.
|