Програми за лиценцирање  >  Количинско лиценцирање

Количинско лиценцирање

Лиценцирањето на софтверот на Microsoft по пат на количински програми за лиценцирање не може да се спореди со купувањето на готов производ во малопродажбата. Ако по прв пат се сретнувате со програмите за количинско лиценцирање на Microsoft, при пронаоѓањето на најдобри решенија за вашата работа може да ви помогне овој преглед на програмите за количинско лиценцирање. Ако пак, веќе поседувате лиценца за производите на Microsoft, тогаш запознајте нови карактеристики за програмите за лиценцирање под името Software Assurance и прочитајте повеќе за можностите кои ќе ви помогнат да го задржите чекорот со најновите изданија од нашиот софтвер.

Доколку сакате да се лиценцирате под програма која генерално подразбира: плаќање во моментот на набавка на софтверот, трајни лиценци, договор под кој може да се допорачуваат лицеци тогаш погледнете ја програмата Open License Program.

Доколку сте фирма која би сакала да го изнајми софтверот на 3 годишни рати, да има опција software assurance автоматски со самата набавка, може подетлано да прочитате за програмата Open Value Subscription.

Во случај да сакате да плаќате на годишни рати, да имате вклучено software assurance а сепак софтверот да остане во ваша сопственост тогаш погледнете ја програмата Open Value која се наоѓа во две опции. Едната е за стандардизација Open Value Company Wide, а другата е Open Value non-company Wide.

Лиценците нарачани под програмите за количинско лиценцирање се симнуаат од веб страницата на Microsoft https://www.microsoft.com/licensing/servicecenter/home.aspx. На оваа страница имате целосен преглед кои лиценци, во кој период сте ги порачале, имате моќност за преглед, симнување и активирање на лиценците. За подетални информации околу регистрација на овој сајт откако веќе сте ги порачале вашите лиценци под некоја од програмите за количинско лиценцирање погледнете ја брошурата тука.

Доколку сте корисник кој има потреба за лиценциранње на повеќе од 250 компјутери, тогаш би трeбало да прочитате повеќе за Enterpirise договорите за лиценцирање

Програми за количинско лиценцирање:

Превземи брошура за лиценцирање

 
Програми за лиценцирање
ОЕМ
FPP
Количинско лиценцирање
Инсталација и активација