Вести

Новиот Cisco ASA 5506-x ќе го замени добро познатиот ASA 5505

 


Cisco ASA 5505, во моментов најмалиот Cisco ASA уред кој е присутен на пазарот само неколку години веќе брои милиони инсталации низ целиот свет.

Овој мал firewall со пасивно ладење сеуште ги добива сите најнови софтверски надградби и е еден он најкористените firewall-и за SOHO или мали / средни бизниси.
ASA 5505 е опремен со 8- портен 10 / 100Mbps switch од кои што 2 од нив имаат Power over Ethernet ( PoE ) способности.
Сепак, 100Mbps веќе станува bottleneck за некои мрежи дури и за овие мали/средни корисници.

Cisco конечно планира нови low-end модели (ASA 5506-X, ASA 5506W-X, ASA 5508-X) а како директен наследник на 5505 е новата ASA 5506 –X.

Новиот ASA 5506-x модел ќе има FirePOWER можност и ќе биде опремен со Gigabit Ethernet порти. FirePOWER модул-от , koj ќе биде софтверски модул за low-end моделите, 
jа нуди следната генерација на Firewall функционалност , вклучувајќи ги и следната генерација на систем за превенција од упади (Next Generation Intrusion Prevention System- NGIPS ) , видливост и контрола на апликации (Application, Visibility and Control -AVC) , URL филтрирање  како и напредна заштита од Malware ( Advanced Malware Protection - AMP) .

Повеќе информации можете да добиете на info@ekonet.com.mk

 
Вести
YAMMER
Симнете бесплатно Office 2016 Consumer Technical Preview
Windows 10 официјално достапен за продажба од 29 јули 2015 година
Новиот Cisco ASA 5506-x ќе го замени добро познатиот ASA 5505